Баба ги пријавила синот и снаата за запуштање на своите четири деца


Педесет и пет годишна жителка на гостиварското село Долна Бањица ги пријавила во полиција синот и снаата за запуштање на четирите деца.majka-tesi-dete-devojcica-place-2-620x350-44631

Според СВР Тетово, во полициската станица Гостивар, утрово С.Ш. (55) пријавила дека нејзиниот син и снаата целосно ги запуштиле четирите малолетни деца и не се интересирале за нив. Жената, изминатите шест месеци сама за грижела за внуците.

-Синот и снаата не живееле заедно, но не биле судски разведени, така што секојдневната грижа за децата била исклучиво на бабата. По пријавата, се превземаат мерки и активности за расчистување на пријавеното, а против родителите на малолетните деца ќе следува законски предвидениот поднесок, изјави Марјан Јосифоски портпарол ан СВР Тетово.

Годинава, посочи тој, на гостиварските и тетовските простори ова е прв случај кој пријавен во СВР Тетово.

Запуштање и малтретирање на малолетни лица претставува кривично дело, за кое во членот 201 од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е затворска казна од најмалку пет години. Зависно од крајните последици на запуштањето, затворската казна може да биде уште поголема и да достигне до 10 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1