Скандалозни поштенски марки „Македонска пошта“ издаде марки со балисти и воени злосторници


„Македонска пошта” неодамна ја збогати својата колекција на поштенски марки со две скандалозни решенија – поштенска марка со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на озлогласената Втора призренска лига со која се слави 125-годишнината од неговото раѓање и на Али Риза, соработник, како што тврдат македонски историчари, со фашистичкиот окупатор, пишува MKD.MK

marki2Овие поштенски марки речиси два месеца стојат во колекцијата на „Македонскa поштa“ и никој ниту во јавното претпријатие, ниту во Министерството за транспорт и врски не помислил да преземе никакви мерки – да ги отстрани спорните марки со кои се слават озлогласени воени злосторници и соработници со фашистите и да побара одговорност од сите инволвирани во овој срамен и скандалозен случај.

Историчарот Ѓорѓи Малковски, автор на делото „Балисти“, како и академикот Блаже Ристевски, беа запрепастени кога слушнаа со кои ликови и какви јубилеи се прославуваат со македонските поштенски марки. Во „Македонска пошта“, пак, ни тврдат дека поштенските марки се предложени по регуларен пат од Страна на Советот за филателија, во кој членувале стручњаци од повеќе области и одобрени од Министерството за транспорт и врски.  За да биде приказната уште поскандалозна, дознаваме дека во Советот за филателија нема историчар? Имало музичари, уметници…

marki posta

Историчарите велат дека непобитен историски факт е дека Реџеп Митровица бил претседател на квинслишката влада на Албанија и дека ја предводел Втората призренска лига. Втората призренска лига донела Прокламација за обединување на териториите Косово, западна Македонија, јужна Црна Гора, северозападна Грција со Албанија

Мирната совест по ваквите срамни постапки членовите во Советот за филателија си ја обезбедиле со тоа што нивните предлози, како што тврдат, биле прифатени и во Министерството за транспорт и врски. И таму очигледно нема историчар да ѝ ги отвори очите на надлежната комисија кога крева два прста за да одобри славење на родендени на балисти и фашисти. Откако МКД.МК побара одговор кој е тој што ги одобрил двете поштенски марки и кој ќе одговара за скандалов, во Министерството за транспорт и врски ни ветија дека ќе го истражат целиот случај и како течела целата постапка во „Македонска пошта“ и дека ќе нè информираат во текот на денов.

MKD.MK

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1