Скандалозно: Чизмите и другата опрема се продаваат по повисоки цени


Гумените чизми се продаваат по двојно повисока цена. Дел од трговците ги искористија поплавите кои ја зафатија земјава и одлучија да ги зголемат цените за чизмите, кои всушност се неопходни за да се влезе во поплавените подрачја.13886509_1089246191168701_3033969585140164279_n

Револтот граѓаните го изразија и преку социјалните мрежи. До организацијата на потрошувачи досега нема пристигнато поплаки, но апелираат до трговиците да ја покажат својата хуманост и да не ја користат оваа елементарна непогода за да заработат. Велат дека залихите од продуктите кои се неопходни за во кризните пододрачја подобро е да ги доделат бесплатно отколку да се богагат, од што корист не би имал никој, а тие би си направиле само едне лош маркетинг.

Од органзиацијата бараат држвата да воведе и мерки за тоа како треба да се однесуваат трговицте во услови на прогласена кризна состојба.

Освен кај гумените чизми, забележано е зголемување на цените и кај лопатите, пумпите за вода, кофите, свеќите, кај сите продукти кои деновиве се купуваат во големи количини.

Пред две години се случи истото и во Србија. Кога земјата ја зафатија обилни дождови и поплави, цените на водата, храната и чизмите пораснаа и до 400 проценти. Револтирани од односот на тргвоците институциите во змејата спроведоа строги контроли и казни за сите оние кои неоправдано ги покачија цените.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1