Седумдесет и четири годишниот Дејвид Мартин, на својот оџак од куќата пронашол скелет од гулаб уште од периодот на Втората светска војна, со порака врзана на неговата нога.
Пораката била вметната во црвена капсула, на која била напишана кодирана порака. Се претпоставува дека гулабот на себе носел важна информација која ја пренесувал од нацистичка Германија, а во оџакот завршил на патот кога се враќал во домашна Англија.
Пораката е испратена до седиштето за декодирање на воени пораки Bletchley Park во Бакингемшир, а потоа била предадена на агенти во GCHQ во Челтенхам. Разбивачите на кодови сега френетично се обидуваат да ја дешифрираат пораката, која никогаш не стигнала до својот примач.
Историчарите кои веруваат дека пораката која била напишана од страна на наредникот В. Скот ќе обезбеди увид во војната. Експерти сметаат дека гулабот и кодираната порака, можеби биле испратени од нацистичка Германија до некои од генералените штабови во Обединетото Кралство.
Господинот Мартин поранешен помошник – началник, кој живее со својата сопруга Ани (74) вели: „Јас не можев да поверувам кога го забележав, беше навистина неверојатно“.
„Бевме вчудоневидени. Како Божиќ да дојде порано. Оџакот беше преполн со гранчиња и ѓубре, а кога почнав да го чистам најдов различни предмети, а меѓу нив се најде и скелетот на гулабот“.
„Мојата жена и јас на почетокот мислевме дека станува за обичен гулаб, се додека не ја забележавме црвената капсула врзана на неговата нога. Не можам да дочекам да видам што пишувало во пораката.
Пораката содржи 27 кодови, секоја составена од комбинација на пет бројки и букви и била испратена до XO2 во 16:25.
Дестинацијата XO2 се верува дека бил таен код за команда за бомбардирање на Бакиннгемшир, а се верува дека пораката била испратена од пилот.
За гулабот се знаело дека бил испратен од страна на сојузниците, поради црвената капсула која што му биле врзана на ногата, а од 30 пораки кои што ги имале најдено од втората светска војна, експертите велат дека ваквиот код досега не бил користен во ниту една од нив, со што претставува дополнителен проблем за неговото целосно дешифрирање.
Питомите гулаби биле користени од страна на сојузничките сили, со цел да ги известат воените генерали покрај англиските брегови, дека операциите биле успешно изведени и дека се одело според планот.
Низ историјата познато е дека гулабите биле користени за пренос на воени информации. Истите можеле да развијат брзина и до 50 милји на час и да поминат дестинации подолги и од 700 миљи. Тие биле природни навигатори од животинското царство.
„Можам само да претпставам колку бил изморен кога се спуштил на оџакот. Лично мислам дека се работи за некоја врвна тајна, за некој напад некаде“, вели Мартин.