Четиринаесетгодишно девојче е полесно повредено во пожарот што утрово околу 5 часот и 30 минути избувна во семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески на улица „Јоска Јорданоски“ бр. 116.
Пожарот го зафатил подрумот, а во паника членовите на семејството што побрзо да излезат од куќата скокале низ прозорец при што полесно е повредено девојчето.
Пожарникарите изутрината биле повикани во 5.30 часот и веднаш интервенирале со две возила.
– Констатирано е дека е зафатен подрумот и дел од меѓукатната конструкција. Во визбата имало зимница и сандак за длабоко замрзнување, вели Станко Колески, командир на Прилепската противпожарна единица.
Причините за штетите од пожарот се уште не се утврдени.