Скокнала од балкон за да се спаси од силување


Една жена од индискиот град Калкута, скокнала од балконот на една двокатна куќа за да се спаси од силување, соопшти локалната полиција. Три лица се набргу уапсени и обвинети за обид за силување.samoubistvo zgrada

Индиските весници пишуваат дека жената присуствувала на забава во куќата, кога тројца мажи почнале да и додеваат, ставајќи алкохол во нејзиниот пијалак. Најблиските соседи на куќата каде се случил инцидентот и помогнале на жената која од падот претрпела повреди на главата. Нејзината здравствена состојба се оценува како стабилна.

Во соопштението на полицијата се вели дека меѓу напаѓачите било и момчето на жената. Тројцата ќе бидат обвинети за вознемирување и уште веднаш ќе бидат изведени пред суд. Полицијата соопшти дека жената се уште нема поднесено формална пријава против тројцата мажи. Инцидентот во Калкута доби широк публицитет во индиските медиуми, што се објаснува со зачестените случаи на сексуално насилство и силување во Индија.

Во декември 2012 година една 23-годишна студентка беше силувана и убиена во градски автобус од членови на една банда. Настанот предизвика голема вознемиреност во јавноста, по што индиската Влада по итна постапка ги заостри казните за ваквите кривични дела. Индискиот весник „Тајмс оф Индија“ меѓутоа, констатира, дека и покрај тоа, земјата и натаму се соочува со висок процент на сексуални напади и силувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1