Скопје лежи на процеп длабок 200 метри – Во овие скопски наслеби е најризично за живеење


Евентуален силен земјотрес во главниот град може да направи голем неред во централното градско подрачје во близина на Старата железничка станица, а со иста судбина би завршиле и населбите Карпош и Влае. Ова го тврди студијата на пензионираниот професор на Градежниот факултет, Апостол Поцески, чии испитувања покажале дека силниот земјотрес би ги срушил и висококатниците во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода. Според неговите истражувања, главниот град главно лежи на нестабилна почва со големи разлики во длабочината на земјата, а тоа всушност претставува главен фактор што предизвикува несакани последици.

Како што е објаснето во студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“, испитувањата на земјата под главниот град покажале дека најголеми оштетувања тогаш имале објектите што биле изградени врз голем процеп длабок околу 200 метри, што се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец.

– Процепот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад „Слобода“ кај Домот на градежници. Потоа, преку улицата Ленинова продолжува на булеварот Партизански одреди, па кај полициската станица во Карпош, преку Влае завршува кај реката Лепенец – стои во студијата на Поцески.

Во материјалот се вели дека Скопската Котлина е пресечена со многу процепи, но овој е најстрашен затоа што минува токму низ центарот на градот.

Во опасност ќе бидат и повисоките згради во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода, зашто се направени врз почва непогодна за висококатници, тврди професорот во пензија на Градежниот факултет, Апостол Поцески. Професрот, кој на факултетот предаваше статика и нумерички методи, своите тврдења ги заснова врз студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 19y63 година“. Таа е направена во годините по катастрофата, кога се испитувал составот на земјата во главниот град и нејзиното влијание врз градбите.

Тогашните испитувања чинеле сегашни милијарда долари, а ги финансирале повеќе странски земји и југословенската влада. Се покажало дека целата скопска котлина лежи на чакал, кој некаде е длабок, а некаде многу плиток. Токму таквите разлики во длабочината може да бидат кобни при земјотреси. Студијата на Поцески во која се обработени раседите во Скопје е направена врз основа на овие податоци, а е објавена во едно од најугледните стручни списание во Америка, како и во публикации во земјава.

Испитувањата на почвата покажале дека најголеми оштетувања во земјотресот имале објектите изградени врз голем расед, односно процеп длабок околу 200 метри, кој се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец. Раседот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад Слобода кај Домот на градежници. Оттаму преку улицата Ленинова излегува на „Партизанска“, па кај полициската станица во Карпош 1, преку Порта Влае, завршува кај реката Лепенец. – Скопската котлина е испресечена со многу раседи, но овој е најстрашен бидејќи минува токму низ центарот на градот.

Најголемите оштетувања во земјотресот беа по линијата на овој расед, кој е широк десетина метри од двете страни. Не смее да се гради врз него. Најмногу што може е да има улица, а не згради како што се направени. Дури има и висококатници. Никој претходно, а ни сега, не води сметка дека гради токму по линијата на раседот. Тоа може да биде кобно – вели Поцески. Дека раседот има влијание врз интензитетот на земјотресот докажува и фактот што по катастрофата на релативно мала површина на која тогаш се простирало Скопје имало сосема спротивни оштетувања на градбите. Односно, во одредени делови на градот штетите биле незначителни, а во други имало целосно урнати згради. Имало и примери каде што градбите на една страна од улицата биле комплетно урнати, додека на спротивната немале никакво оштетување. Таквиот парадокс стручњаците го објасниле со специфичниот еtфект на почвата, односно длабочината на чакалот. Таму каде што почвата била слаба и имала дебел слој чакал на површината, интензитетот на земјотресот бил поголем.

Од Државниот завод за статистика, пак, потврдуваат дека територијата на нашата земја претставува трусно подрачје на кое секоја година се случуваат земјотреси со просечен интензитет во епицентарот од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Во последниот официјален извештај што ги мери земјотресите што се случиле во изминативе 25 години, се вели дека на целата територија на Македонија биле забележани повеќе од 20 со интензитет околу 6 степени, како и три со интензитет поголем од 7 степени според Европската микросеизмичка скала.

Кога станува збор за земјотресите во светски рамки, од 1900 до 1999 година, потресите направиле вкупна штета што во денешна вредност се проценува на повеќе од еден трилион долари. Како што покажуваат светските статистики, во оваа бројка се вклучени проценетите загуби од цената на поправките за секој од 1.248 разурнувачки земјотреси регистрирани во текот на минатиот век и е приспособена според вредноста на парите во 2000 година.

Ендрју Кобурн, инженер-архитект и извршен директор на водечката светска компанија за осигурување „Решенија за справување со ризици“, објаснува дека трошоците изнесуваат околу 10 милијарди долари годишно. Но оваа сума драстично се зголемува, така што во текот на векот просечната годишна стапка на трошоците за земјотреси енормно е зголемена. Во последната декада од минатиот век стапката на загуби е проценета на 20 милијарди долари годишно. Според истражувањето ова се случува поради зголемувањето на бројот и вредноста на имотот што може да биде зафатен од земјотрес. Цената на трошоците предизвикани од земјотрес во минатиот век биле помали бидејќи имало помал број на жители, а и цените за поправка на домовите биле пониски.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1