Скопјанка (48) починала вчера на паркингот помеѓу поликлиниката „Јане Сандански“ и црквата „Св.Илија“ во Скопје, информираат од МВР.
Според овие информации, 48-годишната Ф.Ц. починала во патничко возило „Хјундаи туксон“.
Од лекар на Итната медицинска помош е констатирана смрт, а телото на починатата е предадено на обдукција.
Од МВР ги утврдуваат причините за смртта.