УХМР прогноза за наредната недела: Свеверен ветер и конечно снег


Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има на облачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.

Како што иформираат од УХМР, во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник со засилен северен ветер.

Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер и температура до 6 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1