Вчера еден млад скопјанец доживеа срцев удар на Водно. Возилото на Брзата помош дојде до „Св. Пантелејмон“ до каде патот е исчистен, но возачот се колебаше да вози понатаму по снежниот и смрзнат пат за да дојде до човекот на кого му беше потребна итна медицинска помош. Се понудија други луѓе да одат да го донесат болниот со друг автомобил до комбето на Брзата помош, ама тој не можеше да оди и беше ризично да се поместува. На крајот возачот реши да ризикува и стаса до местото каде што лежеше човекот. Но, се изгуби значајно време за кое што требаше да му се пружи стручна помош и нега на болниот – вели очевидец за Плусинфо.
На овој пат, како и на сите други градски улици не смееме по закон да фрлиме песок, туку го имаме посипано со сол. Патот има таква местоположба и голем дел од него е во осој, што придонесува тој одреден период од годината кога ќе наврне снег да смрзне. Се случува овој пат ако е ладна зимата да биде смрзнат и до пролет. Не е возможно со машини да се исчисти дебелиот слој на лед, велат од Град Скопје
Доколку сакате со возило да стигнете до Средно Водно патот е исчистен исто како и патот од од Пантелејмон до Долно Нерези.