Крвавата семејна расправија се случила вчера околу 21 часот на улицата „Бутелска“ во Скопје. Во расправијата 52-годишниот С.Ц. му зарил нож во градите на сопствениот син Д.Ц.
Веднаш по настанот била повикана итната помош, по што синот бил хоспитализиран на Ургентниот центар на скопските клиники. Таткото С.Ц., сам се пријавил во полициска станица.
Во тек е увид на местото на настанот, а од Ургентниот центар дополнително ќе соопштат за здравствената состојба на повредениот