Скопјанец им ги испразни картичките на брачен пар од Неготино


НК за КР Неготино поднесе кривична пријава против Ј.Н.Л. (20) во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.280827-nosete-kesh-ako-odite-vo-grcija-bankomatite-se-prazni-62980

На 18/19. јули годинава пријавениот извршил кривично дело „кражба“, на тој начин што од домот на лицето П.Г. од Неготино одзел паричник во кој имало две платежни картички сопственост на оштетената и на нејзиниот сопруг.

На 19. јули во два наврати од картичката на П.Г. од банкомат подигнал 25.400 денари.

Истиот ден во повеќе наврати од картичката на нејзиниот сопруг С.Г. од банкомат подигнал вкупно 4500 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1