Скопјанец на мака: Адвокатот не ни поднел тужба, а му бара 12.000 евра награда


За малку буквално ќе останев без главата на работното место, а сега адвокатот што го ангажирав за да добијам отштета за несреќата сака да ме дотепа, па ми бара 12.000 евра награда за случај што, не само што не го добил на суд, туку не ни поднел тужба.

8B20369DED13B5488F93B250A242C297Со вакво обвинување и со фактура за побарување од 753.336 денари во редакцијата на „Дневник“ дојде Борче Јакимовски од Скопје, кој смета дека адвокатот Бранко Kузмановски сака со рекет да му изнуди пари зашто го раскинал договорот со него без согласност од двете страни. Адвокатот, пак, тврди дека нема ништо спорно во случајот и оти законот е на негова страна, па подготвува и тужба за клевета ако не добие јавно извинување од Јакимовски.

Во фактурата што ја добил од канцеларијата на Kузмановски стои дека 53.336 денари се за надомест за трошоците направени до раскинување на договорот и надомест за штета од 700.000 денари или сума што адвокатот требало, според договорот, да ја добие ако го добијат случајот.

Според Даниела Јакимовска, ќерка на Борче, несфатливо е зошто по 18 месеци с` уште не поднел тужба до судот. Тој во договорот навел на име на награда да му бидат исплатени 35 отсто од досудените износи на надоместоци на штета. Тоа е нереално побарување, бидејќи, како што се распрашавме во Судот, за случај како на татко ми, ако се досуди, се одредува сума од максимални 5.000 евра. А во тој случај 35 отсто секако не се 12.000 евра или побарување од 700.000 денари – вели Даниела.

– Ова е срам за адвокатурата. Тоа е човек што не го почитува законот. Поради такви како него би ја искинала дипломата за завршен правен факултет – вели Даниела.

– Ова е намерен акт против мене за да ми се наруши угледот. Фактурата со трошоци им ја доставив откако побараа да го раскинат договорот без моја согласност. Ние како адвокатска канцеларија и една од моите адвокатки, која ги застапуваше, сметаме дека не ни беше оставено успешно да си ја извршиме работата. С` што е направено од наша страна е фактурирано и за тоа Јакимовски мора да ги плати трошоците – вели адвокатот Kузмановски. Тој објаснува дека двете страни се договориле ако една од страните еднострано го раскине договорот, штетата да биде во висина на договорената награда за застапувањето.

Тој како возач на камион во фирмата ДГ „Новоградба“ Владимир и други ДОО Скопје требало да пренесе една палета од 20 вреќи цемент за потребите на фирмата. Но при товарењето во стовариштето на фирмата „Малмекс“ бил тешко повреден. Виљушкарот на стовариштето ја поткренал страницата на камионот, која го удрила Јакимовски во главата. Од ударот камионџијата добил неколку фрактури на носот, забите и на челото, па сакал да ја тужи „Малмекс“ за несреќата.

Целата сторија на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1