Корисници на ајфон, внимавајте!


„Епл“ се соочува со големи проблеми во моментов. Се работи за проблем со мобилните направи со кој хакерите може да добијат пристап до и-мејлови и други начини на комуникација кои треба да бидат шифрирани. Компанијата го изјавила ова изминатата недела, а експертите велат дека компјутерите на компанијата се дури повеќе изложени на опасноста.

iphone5-handson_67427aДоколку хакерите имаат пристап до мрежата на корисникот, тие би можеле да видат или да ги променат податоците разменети помеѓу корисникот и заштитени страници како „Фејсбук“ и „Џи-мејл“. Владите би можеле да го прават истото.

„Епл“ не изјави кога или како дознале за проблемот, ниту кога бил искористен за погрешни цели. Од компанијата се објавени програми со кои може да се реши проблемот. Без тоа, секој хакер може да се претставува како заштитена страница и да биде помеѓу двете страни.

Иако компанијата изјави дека проблемот се појавил само кај мобилните телефони, повеќе експерти велат дека истиот постои и во верзии од компјутерите. За овој оперативен систем сè уште не е достапна програма за поправање на ситуацијата, но се очекува да пристигне наскоро.

Fakulteti

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1