Секта во Карпош 4 – еден од обредите краде цвекиња низ населбата


Несовесни граѓани завчера попладнето биле фатени на дело додека откорнувале цвеќиња од јавното зеленило на булеварот Партизански одреди во Kарпош 3, кај ТЦ „Лептокарија“. Случајот е пријавен во полиција, а против едно лице ќе биде покрената прекршочна пријава.

most karposГрадоначалникот на Општина Kарпош, Стевчо Јакимовски, вчера изјави дека се работи за верска секта, која по завршените обреди и пеење, се впушта во кражба на цвеќиња.

– Се собираат во стан во Kарпош 4, кој е изнајмен од една госпоѓа со американско државјанство, која им е пасторка, односно, раководи со сектата. Станарите од зградата велат дека по завршувањето на обредот и пеењето, тие со комбе атакуваат на цветните површини – изјави Јакимовски.

Тој додаде дека лично фатил еден од нив како откорнува цвеќиња.

– Беа откорнати 7-8 цвеќиња. Тој беше со комбе и кога го отвори во него најдовме цвеќиња. Веднаш беше повикана полицијата – раскажа градоначалникот Јакимовски.

Од СВР Скопје потврдија дека е пријавена кражба на цвеќиња, што е казниво според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – глоба од 100 до 400 евра.

Дневник

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1