Скопјанецот Д.Ј. се бори за живот откако синоќа паднал од својот велосипед на патеката на кејот на реката Вардар во скопски Аеродром, соопшти полицијата.
Скопјанецот (59) управувајќи велосипед околу 19:40 часот паднал и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животозагрозувачка состојба. Задржан е на понатамошно лекување.