Триесетиосумгодишен скопјанец С.Р. е во триесетдневен притвор затоа што е осомничен дека на 7 август, заедно со една, засега непозната жена, скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ Охрид, на улицата Јане Сандански и ја ограбиле.
Настанот се случил во 03.30 часот, кога двајцата, со „фолксваген-пасат“ со скопски регистарски таблици пристигнале пред продавницата, насилно влегле во неа и украле од касата 1.500 денари. Потоа од работните сталажи одзеле разновидни марки цигари и ги ставиле во најлонски црни кеси кои ги имале со себе.
За кратко време, кон продавницата се упатила сопственичката која претходно билa од граѓанин известена за кражбата. Забележувајќи ја сопственичката и оставајќи ја најлон кесата, двајцата влегле во возилото и избегале. При паничен маневар со возилото, крадецот со задниот дел од автомобилот ја удрил сопственичката на продавницата и и’ нанел телесни повреди.