Скопјанец преку Фејсбук се заканувал на пратениците, ќе добие кривична


Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР во координација со Основното јавно обвинителство- Скопје повикале 49-годишен скопјанец на разговор затоа што преку Фејсбук ширел ксенофобичен материјал и ја загрозил сигурноста на пратениците.

Станува збор за објави во последните неколку денови, а скопјанецот на разговор во полициска станица бил повикан вчера.

Одземени се докази и по документирање на случајот тој ќе добие кривична пријава.

Според првичните сомненија тој е осомничен за загрозување на сигурност и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од МВР нагласуваат дека ги следат активностите и ги повикуваат граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1