Ни денеска нема договор со Беса


Договор не е постигнат ниту на денешната средба со преговарачкиот тим на Беса и премиерот Зоран Заев за предлозите на партијата на Билал Касами, која бара поинаков модалитет за државјанството и за заштита на дијаспората.

Според изворите на Алсат, Заев во Уставниот закон не го прифаќа определувањето на државјанството на следниов начин: државјанство на Македонија/државјанин на Република Северна Македонија, како што побарале од БЕСА.

Во меѓувреме, неофицијално се дознава дека Беса прифатила оти македонското државјанство е валидно за Македонците, но не и за Албанците.

Конкретно, условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија. Оваа партијата исполнувањето на барањата го условува со гласовите на нивните двајца пратеници за измените на Уставот. Токму тоа го разниша двотретинското мнозинство кое беше постигнато во октомври кога се гласаше за потребата од уставните измени, а која тогаш Беса безусловно ја поддржа.

Во партијата велат дека имаат разбирање дека зборот „македонско“ во државјанството е од исклучително значење за Македонците, но бараат тоа да биде одвоено и да не се однесува на граѓаните што се Албанци или на личните документи да пишува само „граѓани на Република Северна Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1