Скопјанец прободен пред неговиот дом


Скопјанец бил прободен со остар предмет пред неговиот дом, на улицата 9-ти Мај, во Скопје, вчера колу 21 часот, соопшти полицијата.soobrakajka - brza pomos

Д.С. (37) од страна на непознат сторител бил прободен со остар предмет пред сопствениот дом. Лекар од Градската општа болница (ГОБ) „Наум Охридски“ констатирал тешка телесна повреда, убодна рана во пределот на левата страна во грбот, прободено белодробно крило и го задржал на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1