Скопјанец пронајден мртов во Бразда


Пронајдено е беживотно тело на 46-годишен скопјанец во опожарена куќа во скопското село Бразда, соопшти Министерството за внатрешни работи.mvr-zgrada

– Утринава во 3 часот Бригадата за противпожарна заштита – Скопје се обидувале да изгаснат опожарена куќа во село Бразда, а добиле информација дека постои можност внатре да има лице настрадано од пожарот, се наведува во соопштението.

Околу 4 часот пожарот е изгаснат. Опожарена е целосно покривната конструкција и вториот кат од куќата. При извршената проверка на куќата пронајдено е безживотно тело за кое се претпоставува дека е лице на возраст од 46 години од Скопје, кој долго време живеел сам во куќата. Се врши увид на местото на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1