Скопјанец се бори за живот по сообраќајка во Илинден


На 04.09.2016 година во 16:30 часот во Скопје, на клучка „Илинден“ се случила сообраќајна незгода.urgenten brza pomos klinika

Во сообраќајката А.А. (63) од н.Илинден-Скопје, управувајќи мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во метални браници и паднал на коловоз.

А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1