Ноќеска околу 00,10 часот во СВР-Велес, И.Р. (26) од Скопје, го пријавил неговиот вујко Г.Д. (43) од с.Петровец-скопко за исчезнат. Имено Г.Д. кој бил заедно со уште тројца пријатели на 13.08.2016 година престојувале на Езеро „Младост-Велес“ и околу 19,00 часот влегол во езерото и потоа му се губи секаква трага.
Во временски период од 00,30 до 03,00 часот од страна на УПС од СВР-Велес, како и роднини на Г.Д бил извршен преглед на теренот околу брегот на езерото, при што лицето не е пронајдено.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.