Скопјанец со апел до крадецот: Врати ми ги прстените – ќе ти ги платам


Скопјанец се обрати до медиумите за помош за пронаоѓање на два златни прстени, украдени од страна на џепчија во автобус на ЈСП.prsteni_objava

Како што појаснува Борис, на 14 октомври бил во болница на операција на слепо црево, при што златниот прстен, драгоцен спомен од неговата неодамна почината мајка и венчалната бурма ги предал на неговата сестра, која дента додека се враќала од болница била ограбена во автобус со број 22.

Кражбата на неговиот новчаник со пари, документи и споменатите прстени се случила некаде на потегот „Симпо“ на булеварот „Партизански одреди“.

Случајот е пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров.

Скопјанецот бара овие нему, драги работи да му се вратат со можност да ги откупи, а причината е секако сентиментална.

Еве ја неговата објава, па помогнете:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1