„Да имав пиштол ќе те убиев“, заканите по животот од сопругот на 34 годишна скопјанка, не биле само празен муабет, насилникот немал оружје, ама ја тепал жена си со што ќе му дојде при рака. Последниот хорор бил пред две недела, од ќотекот на насилниот сопруг жената со расекотини на грбот и модринки по главата и телото завршила во градската болница. Насилникот, почнал да ја влече за коса по куќата, тепајќи ја со клоци и боксови по телото и главата ја фрлил врз стаклената масичка, а потоа со пепелник почнал да ја удира по грбот. Престанал да се изживува кога од грбот на жената почнало да тече крв.
Скопјанец со години и се заканува на сопругата дека ќе ја убие
Објавено: 03/05/2015 16:51-Со возило на итната медицинска помош, оштетената е префрлена во Градската болница 8 –ми Септември каде и била укажана лекарска помош и била задржажна на понатамошно лекување. – изјави Лиза Бендевска портпарол на СВР Скопје.
Полицијата на наслинкиот му поднела две кривични пријави, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор. Семејниот хорор на скопјанката не се случува прв пат, од полицијата велат дека досега на два пати му имаат поднесувано кривични пријави за семејно насилство и тешки телесни повреди. Насилниот сопруг со жртвата е во брак 15 години и имаат две малолетни деца.
Alfa.mk