Видео: Драма во Истанбул: 400 македонци заглавени, земени пасоши – агенцијата не платила


Драма се случува со македонски туристи во Истанбул. Како што јави читател на MKnews околу 400 Македонци, кои првомајските празници ги минаа во Истанбул, Турција, сега се заглавени во хотелот „Севџан“ и во неколку други хотели.444

Домаќините не им дозволуваат на гостите да тргнат за Македонија, бидејќи, туристичката агенција која го организирала патувањето преку група за попусти, не платила за престојот. Тие велат дека од хотелот не им ги враќаат пасошите се додека долгот не е регулиран. Тие веќе ги напуштиле собите и сега се буквално надвор на улица. Читателот на Mk news вели дека од организаторот на патувањето нема ниту трага ниту глас, а вртеле и во македонската амбасада но никој не им се јавил. Апелираат да се заангажира некој.Screenshot_126

Ни ги испратија и следниве видеа во кои ја објаснуваат ситуацијата и молат за помош

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1