Скопјанец стана милионер – Се падна 7 на лото , еве каде го купи ливчето


Вчерашното издание на Новолото, кое е емитувано на 05.09.15 на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат играчите на среќа.

Своето среќно Новолото ливче добитникот го уплатил во продажното место ЏОНИ СМОКЕР ДООЕЛ Капиштец, Скопје.

Screenshot_52

7ката е вредна 6.000.000 денари. Уплатени се 4 ( четири) комбинации, од кои добитна е втората комбинација .  Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Џони Смокер во населбата Капиштец.  Играчот ќе добие речи си 100.000 евра за уплата од 60 денари.

Вчера беа постигнати и 6 добивки со по 6 погодоци и 166 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци.

Добитниците ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.

Фондот за 7ка сега изнесува повторно 6.000.000 денари  кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.

Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа, која ја нуди најголемата премија во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1