Скопјанец три години печалел во Ирак- неговата љубена потрошила се и го оставила! (Видео)


Дваесет и шест годишниот Драганчо Баланчевски останал и без љубов и без пари, откако три години работел во Ирак за да заработи и да ја побара неговата девојка за сопруга, но таа го оставила.

По големото разочарување следело уште пострашно, сметката на која цели 3 години се полнела од заработката од Ирак, останале само три плати. Девојката не го сакала повеќе Драганчо, но заработените 80 илјади евра „да“, раскажа 26 годишното момче за Канал 5 телевизија.

ostaveniot500–  И дадов полномоштво, но во меѓувреме и давав и пари  за да живее убаво како што сака, изјави младиот скопјанец  Драганчо Баланчевски.

Со документи во рака тој покажа како се трошеле заработените пари. Жали, што мора некогашната сакана во иднина да ја гледа на суд, за да се ги врати мачно заработените пари

– Ќе одам на суд, ете оние пари што ми ги оставила ќе мора да ги користам сега за на суд, порача Драганчо Баланчевски.

Драганчо ќе се врати да работи во Ирак. Не се откажува од правдата. Верува дека судот ќе пресуди правилно. Со солзи ја заврши приказната.

– Веќе не верувам во сопствените очи, страшно не може човек никому да верува, истакна на крајот несреќниот Драганчо Баланчевски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1