Пријава за уцена од скопската полиција заработи В.Г. (32) од Скопје. Тој во март годинава се запознал со скопјанка, а подоцна и понудил работа во приватна клиника, а дополнително и наговестил дека ќе ја вработи како домаќинка кај службеник од странско дипломатско претставништво.
Подоцна, откако таа на фејсбук почнала да се допиша со В.Г. тој нејзе побарал да му прати фотографии со компромитирачки материјал. Откако ги добил започнал да и се заканува и да ја уценува девојката. Минатиот месец и побарал 500 евра, но таа му дала само 300 евра. Сепак, тој продолжил со уцените и заканите. Подоцна, девојката на заканувачот му дала 6.000 денари, пари кои биле маркирани од крим-техничари на МВР.