Скопјани бегаат на село – селани стануваат скопјани


Повеќе од 160 скопјани лани се збогувале со животот во метрополата и создале дом во село. На нивно место дошле жители од селата, но останале и празни места. Скопскиот регион е единствен во државата во кој се поголеми преселбите од град во село, отколку од село во град.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека лани од градски во селски и од селски во градски подрачја на скопскиот регион мигрирале вкупно 355 лица. Од нив од град во село отишле 161, а од село во град 119 лица. Евидентирани се и 72 лица кои од едно село се преселиле во друго.

zivot na selo

Селско-градските и градско-селските миграции во скопскиот регион на трендот карактеристичен за државата му пркосат повеќе години. Во сите изминати пет години за кои податоци дава ДЗС, има повеќе скопјани кои бегале на село отколку селани кои го оставиле раатот на родниот крај и дошле да живеат со забрзаниот пулс на главниот град. Статистичките публикации покажуваат дека бивши скопјани копаат ниви или едноставно само уживаат во идилата на селата ширум државата. Најмногу ги има во блиското Сопиште и по правило во селата во околината, како Зелениково, Волково, Визбегово, населбите во Скопска Црна Гора. Но распрскани се и низ целата држава: во Кривогаштани, Лозово, Маврово, Василево, Конче, Зајас… и најмногу во Желино, каде лани од Скопје се преселиле дури 42 лица.

Последнава деценија постарите скопјани кои имаат семејни куќи на село, кои ги користеле како викендички, трајно се населуваат на родните огништа оставајќи ги становите во бучното Скопје на децата кои не успеале да си обезбедат покрив над главата. Но, исто така голем дел од жителите на главниот, дури и стари скопјани, купуваат плацови во околните села, градат пространи куќи и уживаат подалеку од градската тескоба. Според ДЗС, најмногу од граѓаните кои се иселиле се на возраст од 35 до 60 и над 60 години.

Градежниците посочуваат дека ваков тренд постои од поодамна, а во последно време му се приклучуваат луѓе на кои бизнисот добро им тргнал. Тие велат дека веќе не е ин да се живее во центарот на Скопје, туку во Сопиште, кое е полно со скопски фамилии и во селата на општина Ѓорче Петров, како Волково, како и во другите во околината на градот. Главната причина е тоа што во тие села може да се води урбан живот и истовремено да се ужива во свежината, чистиот воздух, мирот и зеленилото.

градењето куќа на село е многу поевтино отколку во град, па и тоа е една од повеќето причини живеалиштето да се лоцира надвор од градот. Според него, на еден квадратен метар изградена површина се заштедуваат по 300 до 400 евра, главно поради цената на земјиштето. Така, квадратен метар на најатрактивните плацови во околните села, а тоа се оние до главната сообраќајна артерија, се продава најмногу за 100 евра. Во Скопје квадрат плац чини од 400 до 600 евра.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1