Скопјани и охриѓани најзадолжени во банките – со плата од 350е не можат да плаќаат кредити


Според податоците на Народната банка на Република Македонија околу две третини од долгот на домаќинствата за речиси сите типови кредитни производи се концентрирани во пет општини. Без разлика од видот на кредитот и дали станува збор за станбен или за потрошувачки кредит, скопјани и охриѓани се најзадолжени кај банките, пишува „Нова Македонија“.

empty_pockets_1-525x272„Сите кредитни производи ги вклучуваат градот Скопје и општината Охрид, додека другите три општини се разликуваат во зависност од кредитниот производ. Односно, по основа на станбени кредити спаѓаат и Битола, Струмица и Тетово, за потрошувачки кредити – Битола, Тетово и Штип, за кредитни картички и негативни салда по тековни сметки – Битола, Прилеп и Штип, а за автомобилски кредити – Битола, Тетово и Гостивар“, се вели во извештајот на НБРМ.

Лани вкупниот долг на домаќинствата кон банките изнесувал 89,3 милијарди денари или 1,45 милијарда евра и на годишна основа се зголемил за 4,57 милијарди денари. Податоците на НБМ покажуваат дека кредитите од банките во износ од 83,9 милијарди денари зафаќаат најголем дел од вкупниот долг на домаќинствата и се главен двигател на неговиот пораст.

Дури 72,3 отсто од вкупната задолженост на домаќинствата отпаѓа на потрошувачки кредити, автомобилски кредити, пречекорувања на тековни сметки, кредитни картички и други кредити.

Дека граѓаните не можат да ги отплатат кредитите и високите месечни рати со просечната плата од 350 евра покажуваат и податоците на НБРМ, според кои просечната месечна рата на физичките лица за станбени кредит изнесува 10.742 денари, за автомобилски кредити 7.169 денари, за кредити на трговци на мало 6.356 денари и за потрошувачки кредити 3.482 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1