Скопјани ќе се возат со електрични тротинети и автомобили во ретро стил – еве колку ќе чини


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ набави персонални транспортери – електротротинети, кои ќе се изнајмуваат по цена од 100 денари за час. Новите возила се уште не се промовирани во јавноста. Дополнувањето на ценовникот на услугите на претпријатието со изнајмувањето на новите возила ќе биде усвоено на следната седница на Советот на Град Скопје.

Неодамна „Градски паркинг“ распиша јавна набавка на седум електрични возила, кои треба да бидат дизајнирани во ретро-стил. Вредноста на набавката е 5 милиони денари, а понудите треба да стасаат до 4 јуни.

elektromobili

Примарна цел е подигање на Еко свеста кај граѓаните, како и туристичко разгледување на главниот град. Со електромобилите, на граѓаните и на посетителите на градот,  ќе им се овозможи достапност до сите туристички локалитети лоцирани  во непосредна близина на паркинг просторот каде истите ќе бидат поставени т.е. на паркиралиште „Плоштад Македонија“.За таа цел Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите заинтересирани корисници дека посетата на туристичките локалитети ќе биде организирана со туристички водич.

Начинот на изнајмување на електромобилите ќе биде организиран и со систем за самоизнајмување согласно Правилникот за изнајмување и користење на електромобили.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1