Скопјанка лажела дека е адвокат и мамела луѓе


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И.(42) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторила три кривични дела „измама“.

Во периодот од јуни до август 2017 година, пријавената преставувајќи се како адвокат наводно вработена во адвокатска канцеларија како адмистративен службеник, со лажно прикажување и прикривање на факти, измамила лица на тој начин што лажно им ветила дека ќе им го намали данокот на промет за куќа, како и дека ќе изврши уплата за данок на имот за куќа на оштетен, а добиените парични средства за услугите ги потрошила за лична потреба, со што се стекнала со противправна имотна корист во вкупна вредност од 120.600 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1