ВМРО-ДПМНЕ со протестен собир пред министерство за правда и блокада на крстосници


На удар е слобдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички пргон. Македонија е единственото место во Светот каде оперски пеач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата оваа хајка, смета опозициската партија, е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.

-Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, сипматизери, поддржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите,и револт кон политичкиот прогон на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка
– Крстосницата кај Порта Влае
– Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населабата Ново Лисиче
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9,) Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1