Скопјанка најдена мртва во својот стан во Аеродром – телото и било во фаза на рапаѓање


58 годишна жена вчера околу 20 часот била пронајдена мртва во својот стан на булеварот Јане Сандански.

novivozilapolicijaskodajetiНејзиното тело било во фаза на распаѓање, а во полиција пријавиле соседите бидејќи од нејзиниот стан, во кој живеела сама се ширеа неподнослива смрдеа.

При првичниот увид, констатирано е дека 58 годишната Ј.Н. имала повреда на черепот. Истрагата треба да покаже, во какви околности настапила смртта. Дали жената сама се повредила во својот стан, или пак има основи за сомневање дека смртта настапила по насилен пат.

Нејзиното тело е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1