Скопјанка разменувала секси видеа на „Инстаграм“ – еве ја нејзината исповед што и се случило


Поминаа две години откако се разделивме со мојот сопруг и јас бев решила дека е време да продолжам понатаму.

Поминав девет години во брак, од кои во осум главниот фокус на моето секојдневие го имаше мојот син, па излегувањата за мене беа редок спорт.

Потребата да се дружам почнав да ја задоволувам главно на социјалните мрежи. Поминував долго време на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Таму и го запознав. На „Инстаграм“.

Така се случи и тој. Се викаше Ед.

Со текот на времето Ед почна да се одвојува од останатите. Неговите постови совршено се вклопуваа со моите. Ќе постирав некое музичко видео, па тој ќе го постираше своето, кое речиси секогаш беше токму она што јас планирав да го изберам. Како да ми ги читаше мислите.

Понекогаш дури и ме обземаа трпки од возбудата што ја чувствував од таа наша усогласеност. За работите да бидат поневеројатни, излезе и дека Ед и јас во истиот месец од истата година сме си ги отвориле профилите на „Инстаграм“. Случајност или судбина?

Тој беше првиот што воспостави подиректен контакт. Знаевме да поминеме цели вечери закачени на „Инстаграм“ разменувајќи музички видеа и коментирајќи за чувствата што тие ги будеа во нас, за мислите, за желбите…Главно зборувавме за она што ни се случува во тој момент и муабетите ретко задираа во нашите приватни животи. Знаевме многу еден за друг, а сепак не се познававме.

Знаев дека тој е Холанѓанец и дека потекнува од Мастрихт. Тој знаеше дека се викам Соња и дека сум Македонка. Знаевме и што работиме – дека јас сум графички дизајнер, а тој софтверски инженер, односно девелопер, како што ми пиша. Но, не повеќе од тоа. Не ни баравме да знаеме повеќе еден за друг.

И така секоја вечер. Сè до една ноќ кога тој реши да му даде нова димензија на нашето дружење.

pornoВо инбоксот на мојот профил на „Инстаграм“ се појави уште едно музичко видео.Овој пат од Џо Кокер и „You Can Leave Your Hat On“, што ми се виде невообичаен избор за него, но не поминаа ни десетина секунди и јас сфатив што всушност се случува. Видеото што Ед ми го испрати не беше од спотот, туку од него како танцува на музиката во обид да изведе стриптиз. На главата ставил каубојски шешир, кој многу смешно му прилегаше. Цела вечер се смеевме до солзи. Тогаш, не знам зошто, го прашав дали е женет.

– Не, не сум женет, мислам дека „озаконувањето“ на љубовта ниту ќе ја зајакне ниту ќе влее сигурност во врската. За двајца да се сакаат, не е потребен брак – беше одговорот што ми го даде.

Не реков ништо. Го прифатив неговиот одговор. А како можев да не го прифатам, кога моето искуство беше слично. Бракот ниту ја зајакна љубовта со мојот поранешен сопруг, а на крајот на денот, не ми донесе сигурност.Можеби и требаше да речам нешто, можеби ќе продолжевме да разговараме за тоа и можеби токму тој разговор ќе го спречеше она што потоа се случи…Наместо тоа, јас му испратив ново видео и отворив сосема друга тема.

Оваа идеја со видеата многу ни се допаѓаше и оттогаш си испраќавме сè повеќе видеа во кои ние бевме главните актери. Со секое ново видео сè повеќе беше видлива страста што гореше меѓу нас.

pornografija1Еден ден Ед ми испрати порака од која ми се пресекоа колената и срцето мислам дека ќе ми изрипаше низ грлото.

– Мислам дека е време да се сретнеме. Не можам повеќе да издржам, твоите видеа ме излудуваат. Копнеам да го допрам твоето топло тело, да ги милувам твоите сочни крушки… доаѓам во Скопје следниот викенд, чекај ме! – гласеше неговата порака.

Кога ја прочитав пораката, се почувствував како тинејџерка пред првиот љубовен состанок.

Деновите минуваа, ние и понатаму ја игравме нашата игра, која стануваше сè поинтересна, зачинета со исчекувањето виртуелното да го претвориме во реално.Резервиравме хотел недалеку од центарот на градот. Договорив посебно да ја украсат нашата соба. Тивка еротска романтика, паметам, така опишав што сакав да постигнам. Направив план каде ќе вечераме, дури се договорив со ресторанот на масата што ја резервирав да има свежо цвеќе.

Лицето постојано ми беше насмеано. Сè до таа вечер кога како небото да се сруши над мене. Беше четврток. Нешто повеќе од 24 часа пред неговото доаѓање. Се прибрав дома вечерта некаде околу 20 часот. Си направив чај и седнав пред компјутерот. Го отворив мојот инстаграм-профил каде што ме чекаше ново видео од него. Го отворив. Наместо неговото лице, на „Јутјуб“ ме пречека црвенокоса жена. Наместо музика, слушав налудничава викотница придружена со гримаси на бес и лутина, каква што немав видено одамна.

Името ѝ беше Марајке. Таа беше невенчаната жена на Ед. Колку што можев да разберам од она што таа го зборуваше, односно викаше, тие биле заедно веќе десетина години и имаат и дете, седумгодишна ќерка.

pornografija-2Ме пресече нешто во стомакот. Таа ме обвинуваше за сè. Во нејзините очи и глава јас сум го завела и ако не сум му испраќала видеа или пораки, Ед немало да реагира. Јас сум ѝ го растурила семејството. Летаа обвинувања на сите страни, а јас затекната, во шок, не бев способна да го прекинам видеото, иако по некое време веќе ниту го гледав ниту слушав што зборуваше таа. Само зјапав бледо во екранот на мојот компјутер и се обидував да воспоставам нормален ритам на дишење.

Се јавив кај мојата најблиска пријателка Маја и ја замолив да дојде. Не се сеќавам како сум звучела на телефон, но мора да сум била многу чудна зашто Маја се појави за нецели петнаесет минути, иако живееше барем 4 километри подалеку од мене, а и затоа што се појави со горниот дел од пижамите на себе.

Маја ми раскажа следниот ден дека кога стигнала, јас ништо не сум изустувала, само тап поглед и молк доаѓал од мене. Таа ги видела компјутерот и отвореното видео и го пуштила повторно да се прикаже. Маја беше една од малкуте што знаеја за  мојата инстаграм-авантура. Ми кажа дека ми сварила чај од нане, и се јавила и во хотелот и во ресторанот да ги откаже резервациите. Потоа отворила шише вино и седнала на креветот до мене сè додека не сум заспала. Не сме зборувале ништо.

Следното утро се разбудив со мирисот на кафето што Маја го спремила. Дамјан,мојот син, беше подготвен за в училиште. Го бакнав и го испратив до вратата.Кога замина, осетив дека иако дишењето ми беше повторно нормално, во стомакот сè уште имав грч. Маја само одвреме-навреме ќе ја погледнев во очите и ќе се потсмирев. Таа ме гледаше со толку љубов и ведрина, што ме полнеше со сила. Уште едно потсетување за мене колкаво богатство се пријателите во животот.

Седнав на компјутерот и ја вклучив камерата. Се снимив себеси како го објаснувам шокот што го доживеав од нејзината порака. За тоа како воопшто не сум знаела за неа, ниту за нивната ќерка и како, бидејќи и самата сум мајка со еден брак зад себе, никогаш не би дозволила дотаму да се развие односот со Ед ако сум знаела. За мене тогаш беше доволен одговорот дека тој не е женет. Понесена од убавината на нашето дружење, не ми ни падна на памет дека тој можеби има девојка, или како Марајке, невенчана партнерка. Иако бев гневна, ми беше жал.

Знаев дека Ед веќе е на пат, во Белград тој ден, и дека има шанси да стаса на скопскиот аеродром без да знае што се случило. Дека можеби и ќе дознае ако го отвори својот инстаграм-профил и сепак ќе дојде во Скопје. Или не. Не сакав да знам. Не сакав повеќе да размислувам за него.

Не отидов на аеродромот да го пречекам. Се чувствував прелажана, иако, за волја на вистината, Ед никогаш не ме излажа. Го испратив видеото и веднаш потоа го затворив мојот профил. Не го отворив никогаш повеќе.

Извор: Телеграф

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1