ФОТО: Ова летало е во вселената 500 дена, а никој не знае зошто!


Бидејќи не постои одговор на прашањето, која е мисијата на леталото, започнаа шпекулации, а една теорија е дека леталото всушност е бомбардер, кој може да се активира од астрономска висина

svemirski-brod-letelica2-670x418Тајното вселенско летало Х-37Б, на американското Воено воздухопловство, се наоѓа во орбитата речиси 500 дена, што е досегашниот вселенски рекорд. Пентагон, меѓутоа, се уште не коментира која е мисијата на леталото, зошто орбитира и кога е планирано да се врати.

Од декември 2012 година, Х-37Б ја прелетало Земјата илјада пати, а најчестото движење е забележано во пределот на Иран и Северна Кореја.

Леталото, по својот изглед потсетува на спејс шатл, но во намалена верзија, затоа што четири пати е помало. Она што се разликува е тоа што нема прозорци на кокпитот, поради недостатокот на екипаж.

svemirski-brod-letelicaХ-37Б бил проект на НАСА, кој подразбирал изградба на беспилотно летало, меѓутоа, проектот го презел американското Воено воздухопловство, па Боинг набрзо го направил ова летало.

Боинг во текот на тестирањето предложи да се произведат унапредени верзии кои ќе можат да се лансираат со шест астронаути во орбитата.

Се претпоставува дека сепак леталото е тестирање на технологија, која би можела да се искористи во иднина, како сателит за шпионирање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1