Скопјанка си го расекла телото поради невозвратена љубов, докторите едвај ја спасиле


Хирург, реаниматор и психијатар од штипската клиничка болница, спасувале млада скопјанка од смрт

Таа како итен случај е донесена од Пробиштип со сериозни исекотини по рацете, телото и лицето кои си ги направила сама.

Скопјанката, на возраст од само 20 години, била во опасност да искрвари до смрт, зашто раните воопшто не биле наивни, тврдат болнички извори за ТВ Стар.g_noz

Најзагрозувачки биле исекотините по рацете, зашто биле повредени витални крвни садови, па за да си сошијат и да го сопрат крварењето на штипските лекари им требало многу време.

Таа во болницата била донесена во преткоматозна состојба поради големата количина на загубена крв, поради што најнапред морала да биде реанимирана, па дури потоа оперирана.

Во моментов, од физички аспект таа е стабилна, но за лекарите загрижувачка е нејзината психичка состојба поради што е под постојан психијатриски надзор.

Причината за ваква суровост кон себе, била љубовна мака. Неа пред само неколку денови ја оставило момчето од Пробиштип, поради што таа паднала во тешка депресија. ——-Убедена дека љубовта ќе си ја врати назад, таа заминала кај него дома, но откако тој не попуштил пред нејзините убедувања и аргументи, на неа и попуштиле нервите, па со скршено шише си го испосекла телото пред негови очи, пренесува „старплус” на ТВ Стар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1