Скопјанки киднапирале и физички малтретирале 16 год девојче – Љубоморни дека е во врска со „нивно“ момче


Шеснаесетгодишно девојче било физички малтретирано од три скопјанки кои се сомневале дека малолетничката има љубовни врски со нивните момчиња.

tepacka1-1-Настанот се случил на 28 октомври околу 19 часот, кога 16 годишната А.Т. излегла од кафе-барот „Хепи”, лоциран на улицата Владимир Комаров, по што на паркингот спроти кафулето и пришле Б.Ѓ.(28), Д.Ѓ.(19) и К.П.(33), и со влечење, туркање, физички удари и удари со метален предмет (клуч за тркало), насилно ја внеле во возило „фолксваген поло” со скопски регистарски таблички и насила ја задржале во времетраење околу четири часа.

Девојките удирајќи ја со шамари, кубејќи ја за коса и удирајќи ја со боксови во пределот на главата и телото, ја присилувале да признае дека имала љубовна врска со нивните момчиња. Потоа се упатиле во ТЦ„Беверли Хилс” во кафетерија „Кафе-Кафе”, каде што се задржале околу еден час, при што и понатаму продолжиле да ја малтретираат и упатуваат закани по живот. Додека сеуште биле во кафетеријата, малолетничката го забележала келнерот од локалот, но не успеала да побара помош бидејќи била исплашена.

Кратко време потоа, насилничките заедно со оштетената излегле од локалот, по што девојчето повторно физички било нападнато со боксови и клоци, а потоа ја внеле во возилото и се упатиле во населба Чаир на непознато место.

При пристигнувањето, непознато лице ја отворило капијата на плацот, по што на кратко разговарал со една од насилничките. Откако се паркирале со возилото на плацот, физичкото малтретирање продолжило, а девојчето добивало и закани по животот.

Околу 23.00 часот, пријавените ја внеле оштетената во возилото продолжувајќи да и се закануваат и да ја тепаат, при што кога дошле на ул. „Бриселска”, една од нив, заедно со малолетничката се качиле до станот на нејзиното момче, по што пред станот, помеѓу првопријавената и нејзиното момче настанала расправија по која расправија И.Т. ја зел оштетената и со негово возило ја однел до нејзиниот дом од каде оштетената заедно со нејзината мајка се упатиле во ГОБ-Скопје каде и е укажана медицинска помош.

Од извршените прегледи, кај оштетената се констатирани телесни повреди во вид на огреботини и крвни подливи, по што е пуштена на домашно лекување, а случајот е пријавен во полиција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1