Скопје денес се сеќава: Тресење, татнеж, лелеци – 20 секунди го претворија Скопје во пепел


Денес се навршуваат 51 година, откако на 26 јули 1963, во 5:17 часот, Скопје беше зафатено и разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

zemjotresСкопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

Скопје – 26 јули 1963i година – топло јулското утро меѓу 35 и 40 степени – 5 часот и 17 минути, тресење и татнеж.

,, Бев дежурен, патролирав, минував покрај местото што е денес соборен храм, слушнав неподносливно бучење. Веќе неколку секунди подоцна, тлото под моите нозе почна незапирливо да се тресе, бучавата и тресењето не престануваше, а интензитетот се зголемуваше. По едно дваесетина секунди почна да се слуша крцкање од околните куќи и викање,, го опишува моментот скопјанец кој го преживеал земјотресот.

За само дваесет секунди градот се претвори во урнатини. 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтер) градот се тресел цел час потоа – околу 100 афтершокови. Земјотресот бил почувствуван на околу 200 километри далечина

,, Тоа утро се сеќавам на загриженте лица на постарите кои слушајки вести на радио – Се кажуваше кои згради се паднати. се набројоуваа и имиња на веќе идентификувани лешеви. Телефоните не работеа иако во тоа време беа реткост,,

,, Се спиеше на отворено – сеуште немаше доволен број на шатори. Спиевме на едниот дел од Партизанска – кој  беше зарамнета ливада, земјата нон стоп се тресеше и бучеше – а очајните луѓе лелекаа по забубените блиски – и онака голи по пижами – никој не се осудуваше да се качи низ рушевините и да фрли низ прозор нешто од облеката која беше потребна. Утрото веќе похрабрите тоа и го правееа – летеа облеки – јоргани душеци јастуци,, вели скопјанец кој го преживеал земјотресот.

Според конечната листа, 1.070 граѓани загинале во земјотресот. Меѓу загинатите имало и 16 странци. Над 3.300 повредени, од кои повеќето останале со трајни последици и со висок степен на инвалидитет. Речиси 80 отсто од градот бил разурнат, а 200.000 луѓе останале без покрив. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000Биле разурнати и многу индустриски капацитети.

Првата помош за граѓаните на Скопједошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна се сретнале американски и руски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ Тито дошол во Скопје, изјавил:

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

Режисерот на документарниот филм за Скопје – Булаиќ требало да ја раскаже трагедијата за да чуе светот. Требало да седи 5 дена но остнАл 5 месеци.

Снимавме секој ден и тоа со три камери, а потрошивме 40.000 метри филмска лента.

Времето го минував по шаторите низ градот, а спиев во една едвај зачувана куќа на Водно. Не мрднав од Скопје – ниту сакав, ниту пак смеев да заминам од Скопје.,,

Откако приказната за Скопје го обиколи светот на 14 октомври, Обединетите нации едногласно усвоиле Резолуција за давање помош на југословенската влада за реконструкцијата на главниот град на Македонија.

Светската солидарност почнала да го обновува градот. Точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Скопје  и е симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќании и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

Македонија, поточно регионот околу реката Вардар, е зона со висока сеизмичка активност. Во историјата Скопједва пати бил целосно разрушен од земјотреси: во 518 година кога бил уништен Скупи, и во 1555 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1