Скопје и Виена се единствени во Европа кои имаат чиста изворска вода за пиење!


Директорот на претпријатието, Стојан Србиноски, вели дека вода за пиење во Скопје има доволно и засега не планира да ја покачи нејзината цена, пишува Вечер.

Скопје и Виена се исти во едно, жителите и на двете метрополи се единствените во Европа кои пијат квалитетна вода. Останатите европски градови имаат цели фабрики за вода каде што по хемиски пат се добива оној квалитет на вода што им е потребен на граѓаните, истакна директорот на ЈП “Водовод и канализација”, Стојан Србиновски, за Вечер

Изворите Рашче 1 и 2 од каде што скопјани се снабдуваат со вода за пиење имаат доволни количини вода, но секогаш треба да се внимава тие извори да не се загадат. Наплатата на потрошената вода на територијата на Скопје се движела до 80 проценти и од таму велат дека се задоволни.

Водовод одбележува 105 години од постоењето – формирано во декември 1907 година од тогашните турски власти. Со вода се снабдувал делот кај Стара чаршија, каде што се наоѓа објектот на ЕВН. Резервоарот којшто се наоѓал на Кале каде што е сегашниот Музеј на современа уметност, практично, темелите на музејот се на резервоарите.

Меѓу двете светски војни градот доживува експанзија, па во 1936 година, пуштен е Рашче 1 и е направена цевка која доаѓа до самиот град. По Втората светска војна градот почнува да се шири, а по земјотресот се изградени два цевководи до градот, Рашче 1 и Рашче 2, изграден 1969 година. Покрај водоводна мрежа постепено е изградена и фекалната мрежа, и со помал интензитет се гради и атмосферската канализација која сега покрива само 30 проценти од територијата на Скопје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1