Вчера во 15,13 часот, во ЕИК-Скопје, Г.М. од Скопје, пријавил дека на земјениот паркинг зад хотелот „Стоун Бриџ“, неговиот внук И.М.(20) со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал и ја погодил неговата мајка М.М. (сестра на пријавителот) во пределот на стомакот.Од страна на Г.М. повредената е пренесена во ГОБ-Св.Наум Охридски, каде и е констатирана телесна повреда (расекотина на десниот дел од стомакот).
Извршен е увид на местото на настанот, на возилото забележани се оштетувања, а пронајдени се и подигнати четири чаури од огнено оружје за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.