Скопје не спие – На полноќ се ставаа вреќи со песок на Вардар – еве каква е состојбата (Видео/Фото)


Скопје не спие. Веднаш откако беа објавени снимките и фотографиите на Mknews дека во скопски Аеродром нивото на реката е пред излевање екипи на градот на терен.

Watermarked Photo(2)

Watermarked Photo(2)

Watermarked Photo

Веднаш се реагираше иако за среќа и нивото на Вардар во меѓувреме се повлече. Екипите за секој случај поставија вреќи со песок на најниските точки. На терен на полноќ заедно со екипите и Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој дојде со членови од својот кабинет лично да се увери во состојбата.

Градоначалникот и самиот носеше вреќи со песок кој се поставуваа на кејот што се гледа и на видеото кое го сними екипата на MKnews.

Watermarked Photo(3)

Иако реката е повлечена на едно место надојдената вода успеала да одрони мал дел од земјениот насип но екипите добија налог од градоначалникот веднаш да ја пополнат дупката за секој случај.

IMG_1739

Watermarked Photo(1)

Скопје вечерва може мирно да спие – нема опасност од излевања на ниту една точка, не увери градоначалникот Трајановски. Ни изјави дека екипите постојано ја следат состојбата и се во постојана комуникација со сите надлежни служби од градовите долж течението на Вардар, се разменуваат податоци за нивото на водата, за навремено да се реагира.

Watermarked Photo Watermarked Photo(2) Watermarked Photo(3) Watermarked Photo(4) Watermarked Photo Watermarked Photo(1) Watermarked Photo(2) IMG_1739 Watermarked Photo(2) Watermarked Photo(3) Watermarked Photo(1)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1