Немало спас за Златко, Благој и Васе


Огромни изгореници и целосно уништени органи од ударниот бран. Низа метални шрапнели извадени и дадени за вештачење. Смртта настапила моментално. Накусо, вака гласи долгиот наодот на патолозите за причините за смртта на 42-годишниот Васе Дуев, две години помладиот Благој Делков и 60-годишниот Златко Дуев, тројцата од село Ѓавото крај Гевгелија, кои загинаа вчераутро при експлозијата на резервоар за гас за домаќинство, додека работеле во фабриката за плински боци „Балкан Гас“ од Богданци.pozar bogdanci

Бидејќи станува збор за целосно јагленосани тела, Основното јавно обвинителство – Гевгелија нареди ДНК анализа.

„Обдукцијата на починатите е извршена уште вчера попладне во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, но телата не се предадени на семејствата, бидејќи се чека исходот од ДНК анализата која треба да заврши за 3 до 7 дена. Во вчерашниот пожар во фабриката ДПУТ „Балкан Гасови “ ДОО Богданци, три лица го загубија животот, додека две се повредени. Причинета е и материјална штета, а во околината на фабриката биле опожарени повеќе возила. Во текот на увидот на надлежен обвинител е констатирано дека фабриката каде што избувнал пожарот се состоела од повеќе простории. Просторијата каде што се пронајдени починатите лица е просторијата каде што се вршело полнење на мали плински боци. Во просторијата каде што се вршела изработка на плинските боци пред полнење, пак, работеле преживеаните лица.Screenshot_34

Во разговор со надлежниот обвинител, управителите на фирмата известиле дека во овие простории имало складирано над 1.000 пакети со мали плински боци кои биле спремни за извоз наредниот ден. Освен ова, во дворното место се наоѓале и две цистерни, кои во моментот биле полни со пропан бутан гас и една празна цистерна. Увидот на надлежниот обвинител вчера во фабриката за плински боци траеше цели 12 часа. По негово барање, на лице место беше повикана и увидна екипа од МВР Скопје, составена од вешти лица од областа на хемијата и физиката, заради прибирање докази од местото со цел утврдување на причините за настанување на пожарот во оваа фабрика.

Покрај тоа, кон увидот се приклучија и екипи од СВР Струмица и ПС Гевгелија. Извршен е разговор и со единствениот очевидец на настанот, кој единствено можел да потврди дека пожарот започнал од просторијата за полнење на плинските боци. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредби за правење скица од местото на настанот, фотографирање, видео снимка, како и за подигање на остатоците од куќиштето од компјутерската опрема која била поврзана со видео надзорот од целата фабрика. Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика на МВР ќе треба да изврши вештачење на податоците од хард дискот за да се утврдат причините за настанување на пожарот од видео снимките. Ќе се проверува и целокупната документација за заштита и безбедност при работа, исправноста на функционирањето на машините, како и почитувањето на сите прописи за работа на овој вид дејност. По добивање на сите потребни анализи, вештачења, записници од надлежните органи, надлежното обвинителство ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката“, соопштија од гевгелиското јавно обвинителство.

Истражителите велат дека наскоро ќе се знае дали фабриката имала електрична „С“ инсталација, дали се почитувале правила за складирање, чување и ракување со експлозивната материја, дали вработените биле на противпожарна задолжителна обука, дали носеле и користеле антистатичка опрема, дали сите сигурносни вентили биле исправни, дали вработените во плинарата носеле запаливи материи или електрични уреди, дали мобилните ги чувале на безбедна локација, дали возилата имале „ЕХ/II“ ознаки и низа други правила кои требало да ги исполнува сега веќе уништената плинара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1