Најфреквентните улици во градот ќе бидат под ѕвездено небо со бели светилки. Украсувањето е веќе започнато, градот сака до 15 декември се да е на свое место.
Ќе се постават илјадници бели светилки на Партизанска, Илинденска, Климент Охридски, Димитрија Чуповски, Даме Груев, Васил Аџиларски, Гоце Делчев како и Старата скопска чаршија.
украсувањето за сума од 130 илјади евра го спроведува фирмата Линк медија плус, информира прес 24. од фирмата без да им кажат детали ги информирале дека спомениците нема да добијат украси.
Елката како и лани ќе биде поставена на тревната површина пред МЕПСО, а огнометот ноќта на 31 декември, на полноќ ќе трае 6 минути.