Скопје: Прво му го претепал кучето до смрт, па му се заканил со ловџиска пушка


Во Полициската станица Драчево, 41- годишниот И.Х. од село Елово, скопско, пријавил дека на 24.05.2018 година околу 16 часот неговиот малолетен син видел како негов братучед го тепа неговото куче, кое подоцна починало.

Кога го прашал зошто го прави тоа, тој му се заканил дека ќе го застрела со ловџиска пушка ако му каже на татко му.

За настанот е известен Јавен обвинител.

Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1