Скопје се претвори во змијарник – граѓаните во паника


Речиси и да не може да помине ден во последниов период да не се појаваат фотографии од змии во градот Скопје. Граѓаните загрижени повикуваат на внимание кај своите пријатели.

Градот како да се претворил во змијарник, барем според она што може да се види на социјалните мрежи, последниот случај каде е пронајдена змија во урбано подрачје од Скопје е населбата Тафталиџе.

-Море луѓе, мајка ми и Весна утепале змија од метар кај Горење во Тафталиџе. Пазете децата, кучињата и мачињата, нема заебанција, гласи еден од постовите денеска објавен на социјалните мрежи.

Фотографиите ги објавија револтираните граѓани кои во Карпош ја затекнале змијата пред нивната зграда и се обиделе да ја убијат но не успеале.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1