Скопје: Син со дрво ја удирал својата мајка, не му било првпат


Вчера, околу 09,00 часот, во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома.

Р.С. успеала да избега и побарала лекарска помош во Св.„Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир.

Истата напоменала дека и пред околу еден месец имала пријавено семејно насилство.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1