Скопје синоќа петти најзагаден град на светот


Македонската метропола на глобалната апликација Ер Вижуал напреднуваше за едно место и синоќа се најде на петтото место по загаденост во светот.

Индексот кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод, натриум диоксид и озон, за Скопје покажуваат енормни 190. Со тоа, градот се најде рамо до рамо со Пекинг, кој има 20 милиони жители.

Проблемот дел од екологистите го лоцираат во тоа што во земјава нема квалитетни мерни станици кои можат да лоцираат загадувачи.

Граѓаните вели Никушевски треба да знаат и дека ПМ честичките можат да бидат со различен хемиски состав, односно некои хемикалии во воздухот се поштетни од другите. Јавноста вели тој запознаена е со ПМ10 и ПМ2,5 честичките, но треба да биде информирана дека меѓу нив има и исклучително смртоносни отрови.

Во меѓувреме пак здруженијата алармираат дека Владата нема да може да ги активира итните мерки против загадувањето без мерните станици во Лисиче и Гази Баба за кои велат дека се нефункционални.

Согласно уредбата на владата од минатата година, доколку концентрација на ПМ10 честички е над 200 во два последователни денови на најмалку две мерни станици во Скопје, треба да стапат во сила мерки за ослободување од работа на бремени и хронично болни, но да се воведе посебен сообраќаен режим.

-Фактот што мерните станици за ПМ честички во Лисиче и Гази Баба се нефункционални во екот на загадувањето, укажува на несериозен пристап кон проблемот од страна на надлежните. Исто така сметаме дека итните мерки треба да се активираат доколку среднодневното загадување надмине 100 мг/м3 во два последователни денови, што веќе е случај со мерните станици во Карпош, Ректорат (УКИМ) и Центар.

Вчера заменик министерот за животна средина Јани Макрадули пак се пофали дека аерозагадувањето во главниот град за разлика од минатите години е на најниско ниво во периодот од јануари до ноември годинава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1