Скопје влезе во историјата: Прв град со две екипи меѓу најдобрите осум во ЛШ


Денов кој треба да се запамети како „ракометен илинден“ во Македонија го направи Скопје уникатен во европскиот ракомет – првпат еден град има две екипи во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Металург успеа да го мине Колдинг, Вардар го „тресна“ европскиот првак Хамбург и двете дојдоа на чекор до престижниот фајналфор-турнир.

HSV Hamburg v HC Vardar Pro Skopje - Velux EHF Champions LeagueУште поинтересно е тоа што Вардар го презема рејтингот на Хамбург и во ждрепката за топ-8 ќе влезе од кошот фаворити и теоретски може да го добие Металург за противник. Тоа, пак, би значело дека Македонија ќе има загарантирано место на завршницата во Келн. Сепак, теоријата е едно, а како ќе биде во реалноста ќе покаже ждрепката во вторник.

Македонија и Скопје гордо ќе ја чекаат, додека Европа се восхитува на растечката сила на ракометот кај нас. На почетокот на сезоната нашата престолнина стана прв град во Европа со три екипи во ЛШ, вклучувајќи го и ЖРК Вардар СЦБТ, а сега урива нови димензии на континентално ниво.

SportMedia.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1